Гордост и успех за македонските студенти! Прием на ФФОСЗ за каратистите и кикбоксерите по меѓународните успеси

Денес на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, деканот проф. д-р Влатко Неделковски и продеканот за настава проф. д-р Андријана Мисовски ги пречекаа студентите – победници на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови, кој се одржа во Варшава, Полска (22–25 август 2025 година).

Нашите млади спортски јунаци донесоа три медали во карате:

Ангела Мојсовска – злато
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
Љупчо Михајлов – сребро
Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Економски факултет
Викторија Јовановска – бронза
Универзитет „Скопје“
Факултет за компјутерски науки
Тренери:
д-р Бошко Заборски – селектор на универзитетската карате репрезентација на Македонија
м-р Жарко Арсовски – селектор на карате тимот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
А со златен сјај блеснаа и нашите студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје на Балканскиот куп во кик бокс и мај тај:

Максим Митровски – студент на ФФОСЗ и Силвио Мировски – студент на ФФОСЗ, под водство на селекторот Дејан Митровски и тренерот Драган Атанасовски.

„Честитки за сите натпреварувачи и тренери!
Вие сте нашата гордост и најдобар доказ дека трудот, дисциплината и љубовта кон спортот секогаш носат резултат“, напишаа на Фејсбук од Факултет за физичко образование, спорт и здравје – Скопје.





Ново на Сител
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
-

Преглед на вестите од светот
-

Додека светот стравува од инфлација, власта уверува – состојбата не е загрижувачка
-

Светски технолошки конгрес
-

Уставен со пренос и без пренос на седници
