Гори Европа - климатските промени се реалност, а Македонија нема да биде одмината
Луцифер ја потпали Европа. Топлотниот бран со температури над 40 степени веќе одзеде стотици човечки животи, а се поголем замав земаат и пожарите. Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Грција, Словенија се државите кои изминативе денови се борат со пожарите. Пожарите ја земаа и првата жртва – на границата меѓу Италија и Словенија, животот го загуби жена која починала откако врз неа паднало опожарено дрво. Светската здравствена организација, драстичниот скок на температурите веќе го припиша на климатските промени, за кои се вели дека се зголемуваат со секое годишно време. На мета на топлотниот бран од денеска се најде и земјава. Според климатолозите, порастот на температурите кај нас е резултат на африканскиот топол воздух кој се шири кон европскиот континент.
Според Ристевски, топлотните бранови во иднина ќе бидат чести, ама и со континуиран пораст на температурата.
Според анализите, огнените стихии кои бесенат на европскиот континент веќе уништиле повеќе површина од пожарите во текот на мината година. Само во изминатите шест дена, опожарени се околу 5 илјади квадртни километри.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
