Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л

Од полноќ поскапуваат горивата. Дизелот за 6 денари, бензините за 3. Со одлуката на Регулаторната Комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе изнесува 101 денар , на 98 октанскиот -99 денари, а на 95-ката , 97 денари за литар. Зголемувањето на цените е во просек за нешто под 5%. Поскапото гориво влијае на порастот на трошоците за живот. Статистиката објави дека инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто, дадека цените на мало се зголемиле за 2,3 %.
Најмногу поскапел алкохолот и наркотиците, над 9 отсто, транспортот, какко и трашоците за домувањето , сметките за вода, струја и парно. Кај храната, за 7% поскапо од лани се продава месото, маслата и мастите, скоро 5 – млекото, млечните произвдои и јајцата. Во август по пониски цени сме јаделе само овошје и зеленчук, чии цени за една година се намалиле за 17, односно 5%.
Ново на Сител
-

СДСМ: Уставен ја отфрли иницијативата кога власта најави економски работници
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
