Македонија
5. February 2026 - 14:17

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот

Град Скопје блокирал речиси 18 илјади сметки на физички и правни лица поради неплатен данок на имот за 2021 година, во вкупен износ од 1,3 милиони евра, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Тој упати апел до граѓаните и компаниите во наредните 15 дена да ги подмират обврските за данок на имот за периодот од 2022 до 2025 година, предупредувајќи дека мерките ќе продолжат.

Според податоците, 96.562 физички лица и 2.335 правни субјекти му должат на градот околу 19,5 милиони евра.

Ѓорѓиевски истакна дека наплатата е клучна за реализација на инфраструктурни проекти, јавни услуги и подобрување на квалитетот на живот во Скопје.