Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа

Со засилено темпо продолжуваат активностите за уредување на кејот на реката Вардар, проект кој Град Скопје го спроведува со цел создавање современ и функционален јавен простор достапен за сите граѓани, објави градоначалникот Орце Ѓоргиевски на својот Фејсбук профил.
Според објавата, уредувањето на кејот е еден од клучните приоритети на градската администрација. Градоначалникот потсети дека веднаш по преземањето на функцијата започнало темелно чистење на просторот, со што реката Вардар повторно била вратена во своето природно корито.
Во тек е реконструкција на спортските терени за фудбал, одбојка на песок и кошарка, како и поставување нова урбана опрема и создавање фитнес-зони на отворено. Во рамки на проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои, како што е наведено, ќе бидат целосно ревитализирани.
Покрај уредувањето на терените, на просторот се гради и современа градска плажа, која треба да обезбеди безбедно и уредено место за рекреација и дружење покрај реката.
МИА
Ново на Сител
-

Охрид подготвен за Водици
-

Штипското ЈП „Исар“ годишно губи 2,5 милиони евра од загуби на вода
-

Преглед на вестите од светот
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
