Град Скопје: Наместо во истрага, институциите учествуваат во криминал
„Наместо во истрага за криминалот, институциите во Македонија активно учествуваат, поддржуваат и поттикнуваат КРИМИНАЛ.
Општина Чаир вчера во 14.44 часот до Агенцијата за катастар на недвижнини поднеле Решение за поништување на Решението кое го издавале за криминалната легализација со фалсификувани документи што ја откривме.
Решението го антидатирале демек е направено на 02.05.2025 за да изгледа дека постапиле пред целиот криминал да биде објавен јавно, ама не можат да покријат дека вчера им е поднесен во катастар неколку часа по нашите пријави во МВР.
Срамот да биде поголем во обидот за прикривање докази активно учествуваат Владата и Министерот за внатрешни работи кои наместо да „филозофираат”, треба да постапуваат за да ги фатат криминалците, а не да дозволат тие да ги покријат нивните криминали.
Досега требаше да сте во општината и да ги имате обезбедено сите докази а не да им дозволувате на Висар Ганиу и Изет Меџити да си ги покриваат криминалите и да УНИШТУВААТ ДОКАЗИ!!!
Јавното обвинителство мора да постапи во разоткривање на криминалот кој се случува пред очите на целата јавност“ пишува на Фејсбук скопската градоначалничка – Данела Арсовска.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта