Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска објавуваат скандалозни детали за двете големи трагедии во Македонија, модуларната болница во Тетово и кочанската дискотека Пулс.
Според информациите на владејачката партија, Министерството за здравство кога со него раководел Венко Филипче, дозволило изградба на 16 КОВИД модуларни болници кои не исполнуваат минимални технички услоци и не смееле да се користат за никаква здравствена дејност. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека болниците биле изградени без да се почитуваат законите за градење, а одговорното лице за техничките спецификации било назначено токму од Венко Филипче.
СДСМ пак обвинува дека трагедијата во Пулс се прикрива од власта и дека тогашниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски, е директно одговорен. Партијата прашува дали постои наредба за акциска контрола во која пишува дека вратите на дискотеката треба да бидат затворени – што е спротивно на процедурите. Дополнително, Салтировски е снимен од безбедносни камери пред објектот во клучниот период, но полицијата не влегла навреме. СДСМ прашува зошто обвинителството не поднесува обвиненија и дали Салтировски е заштитен поради блиски врски со врвот на власта.
Од опозициската партија обвинуваат дека ниту еден од актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ не е опфатен во истрагата за пожарот.
Вчера Обвинителството ја затвори истрагата за 46 лица кои имаат поврзаност во пожарот во Пулс на 16 март, каде 62 лица го загубија животот, а над 200 беа повредени.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар