Македонија
16. October 2020 - 16:49

Градинките продолжуваат со работа, позитивните се заразиле надвор од објектите

Градинките ќе бидат затворени ако драстично се зголеми бројот на заразени со Ковид-19 во овие установи. Министерката за труд и социјала уверува дека сеуште состојбата е под контрола бидејќи нема внатрешен пренос на инфекцијата. Сите досега регистрирани 60-тина позитивни вработени и деца   коронавирусот го добиле надвор од градинките.

-Ќе ја следиме состојбата согласно препораките од Комисијата за заразни болести. Не пос екоја цена ќе останат отворени градинките , нас ни е најважно пред се здравјето на граѓаните, изјави Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.

Денеска е потврден уште еден случај.  Позитивна на Ковид-19 е воспитувачка во градинката Буба Мара во Аеродром, информираа од министерството. Во изолација се испратени сите деца од групата. Во моментот согласно протоколите поради контакт околу 200 други деца наместо во градинка ќе останат дома.

-Протоколите се јасни и се почитуваат, додаде Шахпаска.

Последните 24 часа уште 4-ца ученици кои имале настава со физичко присуство се позитивни на Ковид-19. Од МОН велат дека новинфицираните се од различни училишта. Досега вирусот е потврден кај 13 деца кои следеле настава од училница.