Градоначалникот на Чашка обвинува дека бојкотот на наставата е политички мотивиран
Министерството за образование и наука тврди дека проблемот со училиштето во Јаболчиште не е нивна надлежност, туку на локалната власта. Градоначалникот на Чашка признава дека подрум на селската џамија и приватна гаража не треба да се училници, но вели, со тоа се согласиле родителите како времено решение додека се гради новото училиште. До крајот на минатата недела, немало забелешки за условите. Одлуката да не се пуштаат децата на настава од понеделникот, за градоначалникот Стојановски е политичка фрустрација на дел од родителите по завршување на вториот круг од локалните избори во општината.
Учениците од Јаболчиште кои нема да посетуваат настава, ќе добијат неоправдани и намалено поведение. Директорот на училиштето кој денеска одби да говори пред камера за како што рече – смирување на ситуацијата, во телефонски разговор појасни дека казнените мерки за учениците кои неоправдано отсуствуваат биле законски. Тврдењата на родителите за лоши услови во училиштето, ги смета за неточни, па вели и бојктот е неоснован.
Жителите на Јаболчиште, вчера обвинија дека нивните деца учат во простории кои прокиснуваат и немаат греење, па побараа оставка од директорот. Тој пак смета дека не условите, туку неговата политичка определба им пречела на родителите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
