„Градски паркинг“ овозможи плаќање паркинг со скенирање QR код
– ЈП „Градски паркинг“ – Скопје соопшти дека за првпат воведува плаќање на услугата паркирање со скенирање на QR код, кој ќе биде достапен на сите информативни табли за начин на наплата, на сите зонски паркиралишта на ниво на градот со кои стопанисува претпријатието.
Наплата за услугата паркирање со скенирање на QR код преку мобилен телефон со активна банкарска платежна картичка може да изврши било кој корисник на зонските паркиралишта, домашен или странец. Со воведување на оваа нова технологија, на нашите корисниците им овозможуваме лесно и брзо плаќање на услугата паркирање во само три чекори.
Доволно е само со камера од мобилниот телефон да се скенира кодот поставен на долниот десен агол од информативната табла на самото паркиралиште и да се следат чекорите за наплата преку платежна банкарска картичка, информираат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје и посочуваат дека еден од приоритетите на нивното раководство е унапредување, модернизирање, а со тоа и олеснување на условите за корисниците преку воведување на нови технологии.
Ново на Сител
-
Тошковски нема да си даде оставка како што побараа денеска од СДСМ по двојното убиство, па самоубиство во Велес
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Недостигот на работна сила – сериозна закана за македонската економија
-
Втора половина на септември: Децата во Македонија немаат учебници по сите предмети
-
Уставниот суд не поведе постапка за упатството на ДИК
-
Мицкоски: Опозицијата прави предизборни конструкции поради безидејност
-
Кос: Без владеење на правото, нема влез во ЕУ
-
Извршен увид во Трубарево – четворицата осомничени добија уште 48 часа притвор