Граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизија „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата

Група граѓани вечерва упаднаа во зградата на телевизијата „Информер“ во Белград и ја прекинаа програмата, по што сопственикот и главен и одговорен уредник Драган Ј. Вучичевиќ и некои вработени го напуштија студиото.
Граѓаните претходно беа повикани од Дијана Хрка, мајка на момче кое загина под урнатата настрешница на станицата во Нови Сад, да дојдат пред „Информер“, каде поминаа некое време пред влезот во зградата.
Во тие моменти во емисијата „Колегијум“, која одеше во живо, Драган Ј. Вучичевиќ ги повика полицијата и службите за итни случаи да испратат возило за евакуација на вработените.
Полицијата е во близина на зградата, но засега не реагира.
Вучичевиќ, додека одеше шпрограмата, го повика и носителот на „Студентската листа“, Илија Срдановиќ, да ја повлече толпата собрана пред „Информер“, но тој одговори дека мора да ја провери таа информација.
Потоа беше повикана службата за итни случаи, затоа што една вработена во Информер добила епилептичен напад.
По ова, околу 18,40 часот неколку десетици граѓани влегоа во зградата на „Информер“ за да побараат Вучичевиќ да му се извини на „слободниот српски народ“ за начинот на кој известуваше и за изборите, но и за сето тоа што се случуваше во последните две години во Србија, со протестите на студентите и незадоволните граѓани.
Од студиото се емитува сигнал, но од редакцијата нема слика, ниту звук.
Откако се надвикуваа со Вучичевиќ и другите вработени во телевизијата „Информер“, граѓаните ја напуштија зградата и повторно се најдоа во дворот.
МИА
Ново на Сител
-

Студентите денеска на средба со премиерот и министерката за образование
-

Податоците за загадувањето и дивите депонии ќе се дигитализираат и ќе бидат отворени за граѓаните
-

Најмладиот пациент со мозочен удар на 26 годишна возраст
-

Климатските промени го загрозуваат пчеларството
-

Светски форум за ориентален тутун во Прилеп - како да се зачува тутунопроизводството наспроти строгите правила на СЈО
-

Преглед на вестите од светот
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
