Македонија
28. October 2026 - 12:24

Податоците за загадувањето и дивите депонии ќе се дигитализираат и ќе бидат отворени за граѓаните

Поголема транспарентност, полесен пристап до информации и подобра контрола на загадувањето на животната средина. Ова се дел од целите што Министерството за животна средина планира да ги постигне преку дигитализација.

Фокусот ќе биде ставен и на дивите депонии низ општините, како и на следењето на загадувањето на воздухот од индустриските капацитети. Министерот Мухамед Хоџа најави нови дигитални решенија со кои граѓаните ќе имаат поголем увид во работата на институцијата, а надлежните полесно ќе ги следат еколошките проблеми.