Македонија
28. December 2019 - 16:31

Граѓаните не ги знаат условите за користење на бесплатна правна помош

Граѓаните не се доволно запознати со Законот за бесплатна правна помош кој започна да се спроведува од 1 октомври 2019. Овој закон нуди два вида на помош. Примарна правна помош, која може да ја побара секој граѓанин, а се обезбедува преку НВО организации кои се занимаваат со ова и преку подрачните министерства за правда. Исто така има и секундарна правна помош преку која се обезбедуваат адвокати кои се регистрирани во регистарот за бесплатна правна помош.

„Барателот не треба да надминува од минимална нето плата, или 14.500 денари за да се стекне со бесплатна правна помош. Доколку станува збор за двочлено семејство тогаш вториот член може да има плус приход од 2.900 денари, доколку станува збор за трет член значи плус уште 2.900 денари итн. Кога станува збор за имотот барателот може во сопственост да има еден станбен објект, или стан во кој што живее. Може да има моторно возило чија работна површина не надминува повеќе од 1200 кубици. Може да има во сопственост една или повеќе катастарски парцели, кои што не надминуваа повеќе од 300 метри квадратни во градот Скопје, 500 метри квадратни низ општините во државата и 5.000 метри квадратни во руралните средини“, истакна Ирена Стојчевска, Младинскиот културен центар од Битола.

Но за жал според адвокатите вклучени во овој проект граѓаните не биле доволно информирани за овој закон.

„Голем дел сметам дека не се информирани, своите права си ги бараат откако ќе му се прекршат правата“, рече Благица Вескоска, адвокат.

Напорите биле сега овој закон да се анимира и кај работниците, односно во примената на Законот за работни односи.

„Воедно прекршувањата на правата се однесуваат во неисплаќањето на к15, исто така имаме проблем и со минималната плата. Во однос на прекршувањата на другите права во делот на Законот за работни односи, се однесува на дискриминацијата, мобингот, за жал, кој што го има сеуште во текстилната индустрија, земјоделскиот сектор. Можам да потенцирам дека текстилната индустрија во општина Прилеп е навистина во значително очајна состојба“, вели Рубинчо Аризанкоски, здружение „Достоинствен работник“.

До денес во Пелагонискиот регион имало 190 граѓани кои побарале примарна правна помош, а 8 секундарна правна помош, од кои 6 веќе биле во судска постапка.