Граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и општината заедно ги одредуваат приоритетите
Преку форумски сесии Граѓанскиот сектор, бизнис заедницата и претставици на општините од југосистокот заеднички одлучуваат кои се приоритетните проекти што треба да се се финансираат со средства од грантовата шема но и од Програмата на Бирото за регионален рамномерен развој. Преку двете програми на располагање имаат околу еден милион евра.Од центарот за развој на Југоисточниот плански регион велат дека граѓаните најдобро ги знаат нивните проблеми и затоа тие треба да одлучат кој од нив ќе добие приоритет во решавањето.
На првата од двете планирани форумски сесии како приоритетни за финансирање граѓаните ги посочија проектите од областа на животната средина, економскиот развој и туризмот .
Програмата ,, Регионални форуми во заедницата,, ја реализира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар