Граѓанските активисти скептици дека ќе се уриваат дивоградбите
Откако охридскиот регион доби трета шанса уште една година да се исполнат препораките нотирани од УНЕСКО се најавува битка против дивоградбите.Општина Охрид ја поддржува иницијативата Владата да ги руши дивоградбите бидејќи сама нема услови за тоа.
Граѓанските активисти пак сметаат дека урбанзиацијата наместо да се стопира се интензивира.
Според Велковска откако регионот е прогласен за УНЕСКО наследство никогаш во над 40 години историја не се случило три последователни експертски мисии по ред да алармираат дека светското наследство е во опасност .
Инаку претходно пред донесувањето на ваквата одлука на Унеско околу 40 организации од регионот и Европа побараа од Комитетот за светско наследство на УНЕСКО да го впише Охридскиот Регион во Листата на светски наследства во опасност со цел да се заштити од уништување.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар