Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија

Апликациите за предупредување за вонредни ситуации во Украина и Русија биле хакирани, соопштија официјалните претставници.
Апликацијата за предупредување од воздушни напади во Украина била компромитирана доцна синоќа, соопштија воздухопловните сили на земјата.
Како што пренесе ДПА, на паметните телефони биле испратени лажни предупредувања со кои граѓаните се предупредувале за нуклеарни и хемиски закани.
„Веројатно е дека апликацијата ’Air Alert‘ е компромитирана од непријателот. Не постои радијациска закана“, соопштија воздухопловните сили на Телеграм.
Властите во Украина ги повикаа граѓаните да не кликнуваат на линкови од непознати извори и да не шират непроверени информации. Апликацијата се користи за информирање на населението за почетокот и крајот на одбранбените аларми.
Во Москва, мобилната апликација на руското Министерство за вонредни ситуации била предмет на „масивен кибер-напад“, пренесе државната новинска агенција Тас.
Според министерството, до корисниците биле испратени „лажни информации“ за наводна закана.
Украина повеќе од четири и пол години се брани од инвазија на Русија со поддршка од Западот.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за координација на безбедносните служби пред матичната комисија
-

Поскапуваат горивата
-

Четврти потврден случај со морбили во Македонија – Се проверува дали се поврзани
-

Нова метода за Паркинсонова болест
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
