Хан со порака: Соработувајте, како национален фудбалски тим!
Повеќе работни места, повисоки плати, сигурност, стабилност и поголем економски раст на земјата. Тоа ќе бидат придобивките од влезот во Европската Унија. Затоа треба да се искористи моментот и што поскоро да станеме 28-та земја членка. Ова е пораката на годишната конференција на Скопскиот економски и финансиски форум. Влезот во големото семејство ќе значи и повеќе пари кои Унијата ги дава за инвестициии, инфарструктура и развој.
- Новите земји членки добиваат многу повеќе пари во споредба со ИПА фондовите, тие се два пати поголеми или 22 пати повисоки од она што вкупно го добиваме од сите фондови, изјави Фатмир Бесими, министер за финансии
- Секој жител на Европа годишно има 850 евра дополнителен приход само затоа што е жител на земја членка на унијата. Ако влеземе во ЕУ, платите во првите 5 години ќе пораснат од 70 до 100%, БДП до 90 отсто, ќе има 40% повеќе мали и средни претпријатија, вели премиерот Ковачевски. Неносењето одлуки изминативе 11 години значи изолација, стагнација, кавга со соседите. Сега е време да побрзаме, порача Ковачевски. Членството ќе донесе доверба во судството и обвинителството, квалитено образование и модерно здравство. Побара и побрзо да се изгласаат уставните измени.
- Сакам тука на овој исклучително еминентен собир, сите присутни овде и оние кои не гледаат, денес во Северна Македонија, во Собранието не се одвива гласање за уставни измени, денес во Собранието се одвива гласање за европска интеграција на државата. Денес во Собранието се дава глас или за интеграција во ЕУ или за изолација на државата која ја гледавме 11 години. Јас секогаш сум верувал и работел дека местото на оваа држава е во ЕУ, изјави премиерот.
Некогашниот еврокомесар на прошириување, а сега еврокомесар за буџет, Јоханес Хан, порача дека земјата е на добар пат, но неопходни се реформи, пред се во правосудството. Но, тоа не значи да се брза, туку сите политички партии, заедно да донесат одлуки.
- Владеењето на правото е предуслов, затоа е многу важно за нас да се спроведат реформи. Правосудниот систем не е совршен, треба да се подобри. Но, сето ова да се направи со широки дискусии, нема причина да се брза во носењето такви одлуки. Важно е сите да се вклучат во општеството. Мислам дека на крај значајно е сите да бидат согласни за тоа да се има политичка одговорност, изјави Јоханес Хан, еврокомесар за буџет.
Новата политика во Унијата е сите земји од Западен Балкан да се обединат, а ЕУ ќе стори се што може за да го забрза процесот, вели Хан, но дадоде дека проширувањето се базира на заслуги. Им порача на политичиратите да соработуваат, и заедно да носат одлуки, а Македонија да го зграпчи моментот и да стане 28-та земја членка.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
