Македонија
12. February 2024 - 16:34

Хаосот на шалтерите продолжува, граѓаните се револтирани од рокот за лични документи

Со бебиња, мали деца, болни и  лица со инвалидитет чекаат со  часови за фотографирање но и за подигнување на лични документи. Рокот ги притиска граѓаните  и им создава дополнителен револт. Со разни проблеми се соочуваат на шалтерите, едни ги нема на список а добиле термин, на други пак им ги загубиле документите. Најголема гужва има во зградата на МРТ.

Од утре не знаат како ќе функционираат со секојдневните обврски. Најголем проблем за нив се возачките дозволи бидејќи работат им зависи од овие документи. Во управната служба Беко редиците за издавање документи беа помали, но и таму имаше проблеми.

Сликите со гужви и смет пред пунктот Пролеќе се веќе минато. Таму службениците ги повикуваат по име граѓаните кои добиле нов термни и фотографирањето оди брзо. Во функција се 14 кабини за лични документи.

Дел од граѓаните беа вратени од шалтерите со инфомација дека документите ќе им пристигнат на домашна адреса. Други пак ни се пожалија дека воопшто не можат да закажат  термин и по направени 500 обиди на телефонскиот број.