Македонија
24. December 2019 - 16:37

Хаосот со сообраќајот во Клинички продолжува - нов тендер за катни гаражи во јануари

Хаосот на Клинички продолжува.Амбулантни возила чекаат во заглавена колона, нервозни возачи, паркинг местата се лотарија, болните тешко се движат во гужвата. Ова е секојневната слика во најголемиот здравствен комплекс во земјава.

-Еве амбулантно возило не можеше да помине, па за 5 минути ќе умре човекот, треба да се најде решение. Многу тешко се наоѓа паркинг, велат револтирани граѓани кои ги затекнавме во Клиничкиот Центар.

Министерот за здравство уште пред 2 години кога стапи на функција најави дека хаосот ќе го решава со две монтажни катни гаражи. Во септември годинава тендерот беше поништен зошто никој не се јави на повикот.

– Една од двете катни гаражи беше планирана на местото на стара гинекологија. Секојдневно оваа локација е пренаптрупана со автомобили.

Оние кои ќе најдат паркинг место пак, едвај можат да излезат од калта и водата.

Филипче повторно во јануари планира да распише нов тендер за катни гаражи.

-Паралелно на сето ова во изготвување ер проект да се направи влезна лента само за Ургентниот Центар без разлика за постапката на катните гаражи, изјави доц.д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Секој работен ден низ комлексот клиники Мајка Тереза поминуваат илјадници автомобили, над 5000 пациенти , нивни роднини и околу 2000 вработени.