Храна што е штетна при доењето, ако се внесува прекумерно

Мајчиното млеко е најважниот извор на исхрана за новороденчето. Така, она што мајката го внесува може значително да влијае на квалитетот на млекото при доењето. Иако разновидна исхрана е препорачлива, постојат одредени намирници коишто мајката треба да ги избегнува или да ги внесува во ограничени количини за да не му наштети на своето бебе.
Риба и морска храна
Иако рибите се богати со омега-3 масни киселини и други полезни хранливи материи, треба да се внимава со нив. Некои видови риба може да содржат жива или олово, коишто се штетни за новороденчињата. Затоа е важно да се избере безбедна риба и морски плодови, за да се избегнат потенцијални здравствени проблеми за детето.
Портокалите се корисни за имунитетот, помагаат во враќањето на силата по вирусни заболувања и ја подобруваат состојбата на крвните садови.
Цитруси
Богати со витамин Ц, овие овошки се одличен извор на антиоксиданси, но прекумерното внесување за време на доењето може да предизвика стомачни проблеми кај бебето. Поради високото ниво киселини, цитрусите го дразнат чувствителниот дигестивен систем на новороденчето, што може да доведе до често повраќање. Поради оваа причина, и цитрусите се препорачуваат во умерени количини.
Нане и магдонос
Овие билки се познати по нивниот вкус и мирис. Но, може да го намалат количеството млеко, иако се здрави и корисни во други околности. Затоа, и тие се препорачуваат во умерени количини заради претпазливост.
Иако мајките треба да внимаваат на исхраната за време на доењето, тоа не значи дека тие мора целосно да ги исфрлат овие намирници од исхраната. Умереноста е клучна, а секојдневната исхрана треба да ѝ ги дава на мајката сите потребни хранливи материи, а и бебето да ја има најдобрата можна храна преку мајчиното млеко. Доколку се сомневате во исхраната, секогаш консултирајте се со педијатар или лекар кој може да ви помогне да донесете правилни одлуки за Вашето и здравјето на Вашето бебе.
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
