Храната станува луксуз, Mакедонија се повеќе е увозно зависна
Цените на одделни прехрамбените производи продолжуваат да растат. Домашните буџети не се доволни за да се задоволат посновните животни потреби. Граѓаните го купуваат само најосновното, зашто за повеќе се нема. Македонија како земјоделска земја се повеќе е зависна од увоз на земјоделски производи, зашто одгледувањето на раноградинарски култури не е интересно за младите луѓе, а постарите не можат да ги посеат ниту сопствените површини.
- Нашата држава е увозно зависна. Ние не можеме да произведуваме се она што ни е потребно за нашиот пазар и да се задоволат потребите на потрошувачите. Во делот на земјоделските производи има увоз и извоз, меѓутоа увозот е неминовен, пред се од асортиманот на производите што се потребни за населението, бидејќи не произведуваме се, изјави Глигор Ивановски, економист
Мерките што во минатото се преземаа за да се ублажи инфлацискиот шок, не дадоа ефект на долг рок. Наместо замрзнувањето на маржите, државата треба да размислува во насока за изготвување на стратегија со која ќе се зголеми понудата посебно на прехранбените производи, смета Ивановски.
- Само зголемена понуда може да ги стабилизира цените, пред се на оние производи кои се важни за населението, мислам прехранбрените и стоките за широка потрошувачка. Инаку мерките во одреден рок дадоа резултат, но после нивното укинување дојде до зголемување на цените. Основното решение е да се зголеми понудата, додаде Ивановски.
Според последните пресметки на синдиканата кошничка, за да преживее едно четиричлено семејство потребни му се над 60 000 денари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар