Хронично болните со ново барање за средба со Филипче
Од 14-ти септември до денес, хронично болните минуваат вистински премрежја низ здравствените институции, тврди Билјана Рогожарска од Штип. Со одлуката на Владата од 23-ти истиот месец да се вратат на работа, биле приморани да бараат боледување од лекарите специјалисти, а потоа на секои 15 дена биле препраќани за мислење од истите.
-Бидејќи Правилникот во Фондот за здравство не е сменет, матичниот може да отвори боледување на 15 дена и потоа да те прати на Комисија. Таа Комисија врз база на дијагнозата која што ја има пациентот одредува боледување кое може да биде само месец дена- изјави Билјана Рогожарова.
Од министерот за здравство добиле уверување дека се работи за административна грешка и дека за кратко време ќе биде надмината.
-Поминаа две недели, никакво поместување, ниту исчекор нема во таа насока и за жал сите хронично болни се во еден лавиринт, еден волшебен круг во кој постојано се вртат – додаде Рогожарова.
Ова се однесува за оние со влошена состојба, додека останатите ја држат под контрола, но живеат под екстремно голем ризик.
-За жал ваквата свирка што се слуша ( сирена од амбулантно возило) е се почеста, во Штип денес, бидејќи живеам близу до болницата, едно 4-5 сирени се огласија. Тоа се случува секојдневно, а во некои од тие коли може да се најде било кој од нас- додаде Рогожарова.
Здржението на хронични болни испратило барање до Владата, но и до сите надлежни институции за преиспитување на одлуката за враќање на работа, но одговор не добиле.
-Бараме од Министерот за оддели малку време за нас, ние на драга воља би се сретнале со него, да имаме личен контакт, да му образложиме и да му ја приложиме петицијата која до сега има околу 3500 потписи и се уште се потпишува- изјави Рогожарова.
Бараат да се изнајде некој модус, да не мора да се шетаат низ здравствениот лавиринт, да не бидат платени 100 % боледувањата и да не се опфатени само оние со влошена состојба, туку сите хронично болни. Свесни се дека имало злоупотреби, меѓутоа тоа лесно може да се исконтролира преку матичните лекари.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар