И денеска многу топло - до 40 степени, здравствените власти со препораки за заштита од сонце

Топлотниот бран што ја зафати земјава продолжува и денеска со температури до 40 степени. Според синоптичарите, сончево и многу топло ќе биде и утре, а од четврток се очекува мало освежување и пад на температурата за неколку степени.
Здравствените власти препорачуваат граѓаните да се заштитат од топлото време, да не се излегува без потреба од 11 до 17 часот, да се носи лесна и светла облека и да се консумираат лесна храна и повеќе течности.
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и со апел до граѓаните да не биде голема разликата меѓу климатизираните простории со надворешната температура. Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако се излегува надвор на отворено.
- Меѓу општите јавно-здравствени препораки што треба секој да ги почитува, основна и прва, е да се избегнува напорна физичка активност во текот на денот - и тоа од 11 до 17 часот. Доколку на таа температура се изложени работниците, особено оние кои работат во отворени простори, треба да имаат повеќе паузи во текот на денот, односно да бидат помалку изложувани на сонце и да бидат под сенка, да имаат внесување голема количина течности - укажуваат од ИЈЗ.
Во однос на исхраната, треба да се внесува што е можно поголемо количество на лесна храна, помалку мрсна и висококалорична храна, да не се консумира храна што содржи големо количество шеќери.
Лицата над 65-годишна возраст кои ја земаат редовно терапијата, ако не се чувствуваат добро во текот на денот, треба да се консултираат со своите матични лекари. Дополнително, ако се наоѓаат дома - сами, тогаш соодветно треба да бидат постојано во консултација или комуникација со своите соседи, пријатели, кои било, за ако почувствуваат некои симптоми во текот на топлотниот бран, да може да се обратат до своите пријатели, соседи, или пак доколку може, соодветно да се јават на Итна медицинска помош - на 194 или 112, дополнително да се консултираат со нив, со нивните лекари.
Во однос на бремените жени, од ИЈЗ советуваат да ги следат препораките што им ги даваат нивните матични гинеколози, а во однос на хронично болните лица, редовно да ја земаат својата терапија.
Треба да се носи светла и лесна облека, капа, заштитни очила за оние кои веќе излегуваат на сонце, како и користење средства за заштита од сонце.
Доколку се појават симптоми на топлотен удар што може да се јават поради изложеност на сонце - како вртоглавица, главоболка, бессознание, мускулни грчеви, треба да се побара лекарска помош.
МИА
Ново на Сител
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
