Македонија
30. April 2021 - 17:09
И Дојран викендов очекува околу 10.000 гости
За време на претстојниот празничен викенд Дојран ќе биде полн со гости. Проценките се дека во наредните три дена овој туристички центар ќе го посетат околу 10. 000 туристи. Од општината велат дека се подготвени, а во организацијата ги користеле и минатогодишните искуства. Формирани се и редарски служби кои бидат задолжени за одржувањето на редот и потсетување на туристите дека треба да се избегнуваат групирања и да се почитуваат пропишаните мерки.
Освен сопствениците на викенд куќи кои веќе престојуваат во Дојран најголемиот дел од другите гости се еднодневните посетители, пред се од југоисточниот дел на државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->