И во Реал Мадрид има незадоволни

„Кралскиот клуб“ со девет победи од десет натпревари е лидер во шпанското првенство. Но, сепак дел од играчите искажуваат незадоволство од начинот на работа на новиот тренер Чаби Алонсо.
Од извори блиски на клубот, некои од фудбалерите имале далеку подобар однос со претходниот тренер Карло Анчелоти. Ова пред се се однесува на офанзивните играчи, кои сега треба да бидат активни и да ги извршуваат задачите во одбраната.
За разлика од Анчелоти, кој за време на тренинзите често стоел покрај теренот, сега Алонсо е активен во вежбите и тактиката. Алонсо со своите помошници воведе и свои правила, кои очигледно не им се доаѓаат на некои „ѕвезди“.
Последен пример беше реакцијата на Винисиус на неделниот дуел со Барселона кога беше заменет, а потоа изјави дека ќе го напушти клубот.
Резултатите во овој момент се на страната на тренерот, а играчите се тие кои треба да тренираат и да играат.
МИА
Ново на Сител
-

Ќе се реновира Ученичкиот дом во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Камионџии и натаму добиваат црн печат, ЕК ќе презентира преодно решение следната недела
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
