Протест со барање да се вози без возачка дозвола
На Плетвар денеска се чекаше со часови во колони. Група граѓани повторно излегоа на протест со барање државата да им овозможи да возат без возачки дозволи. Велат немаат ниту образование ниту пари, па наместо возачка бараат разбирање. Да им се дозволи да возат како и години наназад и полицијата да не им ги одзема возилата кои ги возат без дозвола.
Протести има и пред полициската станица во Битола, но и во Струмица.
По заканите за убиства и тепачки ако им се одземат возилата кои ги возат без возачка на синоќшните протести, премиерот побарал од министерот за внатрешни работи жестока реакција.
Министерот кој е задолжен за интеграција на ромите, апелираше демо да бидат смирени. Вели тоа што доаѓаат од ромската заедница не ги амнестира од правилата и законите, кои мора да ги почитуваат.
Салиу вели, разговарале со министерката за образование да им се укаже можност и финансиска поддршка на оние граѓани од ромската заедница да го дозавршат основното образование, па со тоа понатаму да можат да полагаат и за возачка дозвола.
Синоќа протести имаше во Прилеп, Ресен, Струмица, Штип, Кочани како и пред судот и полицијата во Битола. На сред автопат Битола-Охрид се палеа гуми и огнови и патот беше блокиран за сообраќај.
Но протестите се поделија, на автопатоот останаа жените, а мажите се префрлија пред судот и полицијата во Битола. Бараа инструктор да седи со нив да потврди дека знаат да возат, ако не направеле грешки ќе плателе за да добијат дозвола. Без возачки возеле со години, а ако им ги земеле колите се заканија со убиства.
И во Штип се палеа гуми на улица, по што интервенираше и пожарната за да го изгасне огнот и да се нормализира состојбата.
Слична беше ситуацијата и во Кочани.
Од МВР денеска соопштија дека за сите видови на протести како до сега така и во иднина ќе одговори согласно своите надлежности за да се обезбеди стабилен јавен ред и мир. Засега нема уапсени лица.
-
Тамара Дичоскa
Сите содржини од овој новинар
