Идната година уверение за државјанство ќе се вади електронски – редизајниран порталот uslugi.gov.mk
Уверение за државјанство ќе се вади електронски идната година. Ова е само една од новите е-услуги кои ги најави министерот за дигитална трансформација. Од досега достапните, граѓаните најмногу ги користеле услугите за лиценца за поседување оружје, проверка на работен стаж и пензионирање, извод од матично и потврда од казнената и кривична евиденција. Андоновски најави и законски измени со кои овие документи веднаш по вадењето ќе станат валидни.
- Со измени на Законот за електронски услуги, кои се очекуваат во јануари, секој документ што ќе биде изваден од електронскиот портал, со електронски потпис, QR-код и печат, ќе може, со печатење, да се користи исто како и документ што институциите досега го издаваат со нивниот печат, изјави Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација.
Агенцијата за храна и ветеринарство е меѓу првите институции кои се ставени на националниот портал за е услуги, каде имаат 30 услуги.
- Тоа е се со цел за побрзо и поефикасно воспоставување на систем на запознавање на услугите и барањата од самите оператори со храна како правни лица, но и како физички лица кои бараат информација од јавен карактер, изјави Оливер Миланов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Министерството за дигитална трансформација денеска го претстави редизајнираниот национален портал uslugi.gov.mk кој на граѓаните им нуди сто нови електронски услуги, со што бројката се искачи на над 200, а досега има околу 150.000 корисници.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар