ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево, ниту тешки метали во водите

Институтот за јавно здравје изврши вонредно испитување во засегнатото подрачје, и во неделата (14.09.25) беа земени примероци, мостри од страна на професионален експертски тим од ИЈЗ за испитување на радиоактивност во вода, почва, и воздух како и примероци за испитување на тешки метали во почва, земја и испитување на тешки метали во вода.
Во текот на вчерашниот ден (15.09.25) ИЈЗ извести дека според резултатите и направените анализи, во земените примероци не е утврдено присуство на радиоактивност во воздух и почва, исто така не е утврдено присуство на тешки метали во вода.
Во текот на денешниот ден (16.09.25) ИЈЗ ги заврши анализите и испитувањата на примероците за испитување на тешки метали во почва како и испитувањата за радиокативност во вода. Од добиените денешени резултати, ве иформираме за следното.
Земени се мостри од повеќе локации од засегенатото подрачје за испитување на тешки метали во почва, и тоа: Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb. По анализата на резултатите од сите земени примероци, може да се заклучи дека нема отстаптување од референтните вредности за сите испитани 16 тешки метали (Pb, Cd, As, Ni, Hg Cr, Cu, Zn, Sn, Ba, Be, Co, V, Tl, Mo, Sb). Се забалежува зголемување на 2 параметри Cu (бакар) и Zn
(цинк) само од едно испитано место, а тоа е површинскиот слој каде што гореле литиумски батерии и истото е во рамките на очекувањата.
Во сите останатите места нема отстапување од референтните вредности за испитаните 16 тешки метали. Исто така, во текот на денешниот ден, како што споменавме погоре во соопштението, се испита и
радиоактивноста во примероците од вода и според добиените резултати, нема радиоактивност на земени примероци од вода.
Институтот за јавно здравје во нај кус можен рок успеа да ги направи потребните анализи. Истите ќе бидат повторени согласно протоколите во времето предвидено за тоа.
ИЈЗ останува во понатамошна координација со Министерството за здравство и со сите надлежни државни институции, и за секоја наредна активност јавноста ќе биде соодветно информирана.
Ново на Сител
-

Покренато обвинение за помагачите на Саитов - ЈО предложи и продолжување на притворот
-

Расте бројот на странски работници во Македонија, од каде доаѓаат најмногу?
-

Прилепските угостители со позитивни оценки за Законот за работно ангажирање лица
-

Сите инфлуенсери до март мора да се регистрираат во АВМУ - во спротивно ќе се соочат со прекршочни пријави
-

Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
-

30 деца хоспитализирани на Детска клиника
-

Од Црвениот крст апелираат до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба
-

Преглед на вестите од светот
