Грипот во подем, посебен апел до учесниците за Водици
Грипот ги полни матичните ординации во Штип, но лекарите уверуваат дека состојбата не е алармантна и е вообичаена за овој период од годината. Симптомите се типични како за сите респираторни заболувања.
-Изненадни високи темепратура до 39 степени и повеќе. Можеби тоа е алармот што ги полни нашите ординации, малаксаност, општа слабост, намален апетит, гадење и главоболка. Меѓутоа, не треба да се плашат, затоа што терапијата е симптоматска. Грипот не се лекува со антибиотик, туку со мирување, со течности ко ја намалуваат температурата и болката во тело, и секако, изолациа, изјави Валентина Митрова, лекар по општа медицина.
Во пресрет на големиот христијански празник Водици, кога многумина млади лица ќе скокнат по Светиот крст во студените води на река Брегалница, лекарите советуваат верниците кои ќе се одлучат за овој чин да бидат психички и физички здрави и да не конзумираат алкохол за загревање пред скокање.
-Да направат адаптација на надворешната температура со температурата на своето тело. Секако треба да бидат прегледани од лекар, за да немаат некои здравствени проблеми што би можело да доведе до несакано дејство, за да и даде потврда дека може да го направат овој акт, додаде Митрова.
Потврда од лекар кој ќе направи медицински преглед, ЕКГ и мерење на крвен притисок, бараат и од Брегалничката епархија за сите верници кои се пријавиле за скокање по Светиот крст.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
