ИЈЗ: Зголемена смртност изминатата недела, вирусот најмногу се ширел кај младите од 10-19 години
Пораст на бројот на нозозаразени и починати од компликации од Ковид бележи неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Минатата недела во Македонија регистрирани се 6899 нови позитивни случаи што е за 26,4 проценти во однос на претходната седмица. Карактеристично е зголемувањето од 33,1 отсто на инфицирани млади од 10 до 19 години. За седум дена коронавирусот е потврден кај речиси 500 малолетни лица .
ИЈЗ регистрираше и 158 смртни случаи - 8,4 % повеќе од неделата претходно.
Во анализираниот период од 15 до 21 март направени се 24.517 тестирања, односно 28 проценти од тестираните биле позитивни.
Изминатите седмица како оздравени пријавени се 3343 лица.
Заклучно со вчера вакцинирани се 6704 здравствени работници, од кои над 2500-тини ја примиле и втората доза од Фајзер.
Вакцини против Ковид за граѓаните државата се уште нема обезбедено.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
