Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија

Низ сите црковни општини на Австралиско-сиднејската епархија достоинствено и молитвено беше одбележан големиот празник – Илинден.
Од Австралиско-сиднејската епархија информираат дека во сите храмови биле отслужени свети литургии, на кои беше прочитано Илинденското послание на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
- Во својата порака тој истакна дека трите Илиндени – 1903, 1944 и 1991 година – се сведоштво за историскиот континуитет на Македонија и за стремежот на македонскиот народ кон слобода и државност. Притоа потсети дека „слободата не е трајно стекнато право, туку вредност што мора постојано да се брани и зачува“, повикувајќи го народот да се врати кон верата, правдата, честа и достоинството, се наведува во соопштението.
По светите богослужби, во сите црковни општини биле организирани пригодни духовни, културни и забавни програми, на кои бројни верници заеднички го прославиле големиот празник.
- Со свечените академии, културно-уметничките настапи, народните веселби и братските трпези уште еднаш беше потврдено дека македонските православни цркви во Австралија се живи чувари на православната вера, македонскиот идентитет, јазикот, културата и илинденскиот завет, велат од Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ-ОА.
МИА
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
