Инфантино: Играчите на Иран сакаат да играат на Мундијалот и треба - спортот треба да биде над политиката

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, е уверен дека играчите на иранската репрезентација сакаат да играат на Мундијалот 2026.
-Иранската репрезентација дефинитивно ќе дојде. Секако се надеваме дека ситуацијата ќе се смири дотогаш, што сигурно ќе помогне. Но, Иран, секако, треба да дојде. Тие ја претставуваат својата нација. Се квалификуваа. Играчите сакаат да играат. Ги посетив пред две недели, имаа тренинг камп во Анталија и навистина сакаат да играат. И треба да играат - спортот треба да биде над политиката.
Добро, секако, ние не живееме на Месечината, ние живееме на планетата Земја, но ако никој друг не верува во градење мостови и зачувување на нивниот интегритет и единство, тогаш тоа е она што ќе го направиме ние, изјави Инфантино за „ESPN“.
Претходно, претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, објави дека е во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од Светското првенство од САД во Мексико.
Федерацијата апелираше до ФИФА откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета присуството на Иранците на турнирот за несоодветно за нивната сопствена безбедност.
На 28 февруари оваа година, САД и Израел почнаа да воена операција во Иран.
Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Иран беше извлечен во групата Г со Белгија, Египет и Нов Зеланд.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Петмина со западно-нилска треска хоспитализирани на Инфективна – Еден во критична состојба
-

Во Гостивар има ризик од заразна жолтица, најавен е здравствен надзор
-

СДСМ бара кривична одговорност за труењето на граѓаните со загадена вода
