Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер

Британскиот премиер Енди Бернам изјави синоќа дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не е вистинскиот човек да го предводи светскиот фудбал.
Реакцијата на официјален Лондон доаѓа откако контроверзниот план предложен од Инфантино за продажба на удел од комерцијалните права на идните светски првенства на приватни инвеститори пропадна по жестоки критики од целиот свет.
„Не верувам дека тој е вистинскиот човек да го води фудбалот напред на светската сцена. Планот што беше предложен беше навредлив за многу луѓе, луѓе од фудбалот ширум светот, и не можеме само да продолжиме понатаму и да заборавиме на тоа. Едноставно кажано, тоа не беше прифатливо“, рече Бернам.
Планот на Инфантино наиде на жесток отпор од УЕФА која минатата недела едногласно порача дека ќе ги бојкотира мундијалските турнири во иднина, а КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација, исто така, објавија дека се противат на планот.
Изборот за претседател на ФИФА ќе се одржи во март идната година во, а крајниот рок за пријавување кандидати за претседателската трка истекува на 18 ноември, точно четири месеци пред гласањето.
МИА
Ново на Сител
-

Народна банка: Сомнителните трансакции ќе бидат предмет на проверки
-

Преглед на вестите од светот
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
