Институциите немаат интегритет, наместо да си дадат оставки, функционерите ги држат под политичка контрола
Јавното обвинителство најмалку испорачало во борбата против корупцијата. Резултатите на Транспаренси за националниот систем на интегритет покажуваат најслаби резултати на правосудните органи. Наместо да паѓаат оставки од функционери кај нас се настојува институциите да бидат под политичка контрола. Критиките за високото ниво на корупција и лошите извештаи кои ни ги испраќа Европската Унија веќе не ги загрижуваат македонските политичари.
„По такви лоши извештаи, треба да паѓаат оставки, функционерите да не се таму каде што се откога ќе добијат лош извештај. Не се постапува по извештаите на Државната комисија за спречување на корупцијата ниту во Владата. Колку прашања поставија за судир на интереси. Традиционален е проблемот со Јавното обвинителство. Тие го сметаат работењето на Комисијата како мешање во нивната работа
Носечка институција е заводот за ревизија, потоа ДКСК и на трето место народниот правобранител од сите 15 столба кои се предмет на анализа. Претседателката на антикорупциска на истекот од својот мандат, се пофали дека почнале од минус а успеале да ја издигнат оваа институција со завршени над 5000 предмети.
Уште повеќе црешата на шлагот ќе бидат и оние големи предмети кои се однесуваат на „Бехтел и Енка“, на Лотарија итн. така што ќе излеземе со конечни резултати. Јас сум задоволна, имајќи ги предвид условите во кои сме работеле и ресурсите со коишто сме располагале, а и сите оние суптилни препреки со кои се соочувавме“,
Тие не сакаа да ги коментираат најавите за рестриктивни мерки со што црната листа на САД ќе биде основа за санкции во земјава. Премиерот ги поддржува и вели тоа е дел од барањата на меѓународната заедница. Членството во НАТО бара стандарди кои како земја треба да ги исполниме.
„Законските измени треба да направат практично транспонирање на нешто што го имавме, а се однесуваше на ентитети коишто се санкционирани согласно со ОН, ЕУ и сега тоа ќе се прошири и на САД и на Обединетото Кралство бидејќи се однесува на ентитети коишто се санкционирани согласно со нивното законодавство. Не може, оцени премиерот, некој во земјава наутро да се фали дека е најдобар другар со САД, а попладне да прави сè спротивно на нив. “
Измените се на иницијатива на МНР и се очекува да бидат донесени пред изборот на техничката влада.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
