Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
Штипските средношколци интезивно се подготвуваат за полагање на државната матура на организирани часови каде можат да го проверат своето знаење заедно со нивните професори, но и да ја повторат материјата потребна за полагање. Паралелно се реши и проблемот со обезбедување на соодветен простор за одржувањето на државната матура, согласно насоките од Државниот испитен центар.
- Гимназијата има просторни можности за да се одвие целокупниот процес на полагање на државна матура во нашата зграда-изјави Весна Ристова, директорка на Гимназија „Славчо Стојменски “-Штип
- Ќе бидат искористени сите просторни капацитети, односно, спортската сала, ходниците и влезниот хол, се со цел да имаме успешно и правилно организирана државна матура, изјави Марија Николиќ, директорка на Средно медицинско училиште „Јане Сандански“-Штип
- Ќе бидат групирани учениците повторно по 15 во група, но ќе има назначено по повеќе набљудувачи и тестатори, се со цел да се добие по квалитетна матура, на која што учениците реално ќе ги покажат своите знаења, а не како во минатите години во некои училишта, изјави Јованка Шалева, директорка на Средно електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“- Штип
Во сабота на 1 јуни се полага првиот задолжителен предмет за државната матура.
- Вториот дел од матирскиот испит ќе се одвива наредната недела, на 8-ми јуни, во сабота, ќе се полага вториот задолжителен предмет, а тое математика или некој друг јазик во зависност од ученикот- изјави Снежана Санева, раководител на сектор образование- ЛС- Штип
На ниво на Општина Штип во средните училишта државна матура ќе полагаат 475 ученика, завршен испит 104 и тројца училишна матура
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар