Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
Интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски поради постапката за закнот за јазици можно е да пропадне. Имено, точката на дневен ред е ставена на седницата во среда, но денеска на координација речиси сите пратенички групи реагирале дека не е добро парламентот преку интерпелација да се меша во судската власт, информираше собрнаискиот спикер Африм Гаши.
Сепак, тој водејќи се од членот 72 од Уставот и член 47 од Деловникот, дека Собрението покренува интерпелација за „носител на јавна функција“, интерпелацијата е ставен на дневен ред и тој не може да ја тргне.
-Поради дилемите на пратеничките групи дали е возможна интерпелација за Костадиновски не е исклучено некој од пратениците на самата седница некој од пратениците да предложи оваа точка да биде тргната од дневниот ред. Со тоа пленумот ќе одлучи дали да има или не расправа. За да нема вакви димелми, како претседател на Собранието ќе побарам од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања да разреши што значи тоа “носител на јавна функција“, бидејки тоа се и претседателот на државата или градоначалниците - коментираше Гаши на брифинг со новинарите.
На координацијата кај спикерот, не бил претставник од ДУИ, кои се поднесители на интерпелацијата и засега немаат став за барањето.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ коментираат пак. дека допрва ќе одлучуваат како ќе се однесуваат на седницата во среда.
-Немаме изградено став, како Собрание одлучуваме по интерпелации за функцинери што сме ги избрале. Од друга страна Претседателот на Уставниот суд си го избираат самите уставни судии. И порано сме одлучувале за функцинери од судствотот, но го видовме епилогот од таквите интерпелации. Допрва ќе олучуваме за ова прашање - изјави пратеникот Игор Здравковски од ВРМО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата