400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
Четиристотини невработени лица ќе можат летово да се пријават за гаснење пожари. За борбата со пламените јазици, државата им нуди надомест од 24.000 денари месечно. За да ги исполнат условите треба да се физички подготвени и да поминат кратка обука. Најдобрите ќе станат дел од специјалната единица што ја формира Дирекцијата за заштита и спасување. Ако покажат храброст и дисциплина на терен во сезоната на пожари, ќе добијат и трајно вработување во противпожарните единици низ државата. Ова е повик за оние кои бараат работа со малу поголем предизвик, вели директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Според Владата со оваа мерка има две цели- да се ангажираат невработени лица и да се подобри системот за заштита од пожари. Заинтересираните да ги поднесат апликациите до општините.
Во моментов има околу 800 пожарникари, а недостигаат уште двојно за да се комплетира бројката за справување со огнените стихии, вели извршната директорка на ЗЕЛС. Со оваа мерка се очекува да се олесни справувањето со пожарите ова лето.
Според директорот на ДЗС, состојбата со пожарите во Македонија, се уште не е алармантна.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар