Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“

Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“ во изминатите две години бележи значајни промени во унапредувањето на условите за работа и квалитетот на здравствените услуги.
При денешната посета на клиниката, беа презентирани реализираните инвестиции, новата опрема и подобрените услови за пациентите и здравствените работници.
Во текот на 2025 и 2026 година, во клиниката се инвестирани над 40 милиони денари, со поддршка на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, како и преку посветено раководење и домаќинско управување со институцијата.
Посебно внимание е посветено на грижата за најранливите категории пациенти.

Реновираната ординација за интервенции под општа анестезија е наменета за деца и лица со попреченост, деца кои не се во можност да соработуваат за време на стоматолошките интервенции, како и пациенти со изразен страв од стоматолошки третман.
Услугите ги користат пациенти од целата држава, што ја потврдува важноста на овој вид здравствена грижа.
И помали, но правилно насочени инвестиции можат да придонесат за решавање значајни здравствени предизвици.
Следниот чекор е децентрализација на овие услуги, со цел третманот да биде подостапен и поблиску до пациентите, без оглед на местото на живеење.

Значаен придонес во унапредувањето на здравствените услуги има и општествената одговорност.
Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ и компанијата „Зегин“ донираа стоматолошка опрема во вредност од околу 800.000 денари, со што дополнително се зајакнуваат капацитетите на клиниката.
Овој пример покажува дека соработката меѓу јавните здравствени установи, бизнис-секторот и граѓанските организации може да донесе конкретни придобивки за здравствениот систем и, пред сè, за пациентите.
Ново на Сител
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

МВР: Првата пријава за насилство од 17-годишната девојка од Богданци била на 30 септември
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
-

Брисел: Правосудството со слабости, корупцијата тапка во место
-

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел
-

Турканици, нервози и расправии пред Алта банка во Битола – по 20.000 денари од шалтер подигнуваа тие кои добиле порака
