Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
Да се преиспита издавањето паушални сметки за струја, бара Здружението на инженери. Поднесоа иницијатива до Уставниот суд, за како што велат – незаконското издавање сметки за електрична енергија , без да се отчита броилото. На ваков начин сметаат дека граѓаните се оштетни, бидејќи плаќаат по слободна проценка , а не по фактичка потрошувачка.
- Исклучоци кои го оправдуваат издавањето на фактури врз основа на претпоставена вредност се дозволени само кога мерењето не може да се изврши поради техничка неисправност или оштетување на мерниот уред. Има многу станбени единци во Скопје каде се достапни броилата, меѓутоа сметките не се отчитани. На ваков начин граѓаните се оштетени.
Законот предвидува фактурите кои се издаваат да се засноваат исклучиво на реално измерена потрошувачка преку отчитување на броилото бидејќи плаќаат - изјави Денис Мусафоглу – Инженери на република Македонија.
Со новите законски измени од јули граѓаните можат да се информираат дали броилото им е отчитано – или плаќаат паушал. . Ако на сметката стои ознаката О значи дека плаќаат колку што потрошиле, ако е М –означува проценета состојба, односно се плаќа паушално. Новина е и тоа што граѓаните сами можат да го отчитаат броилото и да се јават во ЕВН.
За да нема забуни во сметките, согласно новиот закон за енергетика, за 10 години сите домаќинства ќе добијат паметни броила и ќе плаќаат онолку колку што потрошиле. Во следните 2 години ќе се почне со инсталирање на првите смарт уреди.
До тогаш,останува да се произнесе Уставниот суд дали ваквата иницијата ќе ја прифати или ќе ја отфрли.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар