Иран ги предупредува бродовите дека им е потребно одобрение за поминување низ Ормуската Теснина

Иранските пристанишни власти им советуваа на бродовите да не поминуваат низ Ормускиот теснец без претходна координација со Иранскиот корпус на исламската револуционерна гарда (IRGC), наведувајќи го ризикот од мини во виталниот воден пат по неколкунеделниот конфликт, јави ДПА, пренесувајќи го денеска предупредувањето објавено во државните медиуми.
Иранската агенција Фарс претходно објави дека Иран го прекина бродскиот сообраќај низ теснината во знак на протест против израелските напади во Либан, велејќи дека само два танкери за нафта поминале низ водниот пат од почетокот на прекинот на огнот.
Иран и САД завчера се согласија на двонеделна пауза во борбите и привремено повторно отворање на Ормуската Теснина за да се спречи масовен бран напади со кои се закани американскиот претседател Доналд Трамп.
Договорот беше пофален од политичарите ширум светот, но загриженоста останува за ситуацијата во Либан, со нападите што се во тек од страна на Израел, пренесе ДПА.
Според пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, договорот, постигнат со посредство на Пакистан, важи и за Либан. Меѓутоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека прекинот на огнот се однесува само на конфликтот меѓу САД и Иран – не и за операцијата против Хезболах, кој е сојузник на Иран.
Иран се закани дека ќе се повлече од договорот во знак на протест и ќе го запре бродскиот сообраќај во теснината.
Водниот пат, клучен за глобалната трговија со нафта и гас, е во голема мера затворен откако САД и Израел започнаа големи напади врз Иран на 28 февруари, потсетува ДПА.
Ново на Сител
-

Мајмунчето Мики го прослави својот прв роденден, но подароците исчезнаа
-

Дел од локалитетот „Маркови Kули“ пошумен со 6.000 садници на даб
-

„Зелникот на баба“, вкусот на традицијата по 12-ти пат во Пробиштип
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер за социјална политика
-

Честит Рамазан Бајрам
-

Брзата помош бележи намален број интервенции на сообраќајки од почетокот на “Безбеден град”
-

Работете од дома, возете помалку, користете јавен превоз - итни препораки од меѓународната агенција за енергетика
-

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот
