Балкан
20. March 2026 - 16:33

САД: Руското влијание на Балканот фактор на нестабилност во регионот

Руската војна против Украина ги засилува политичките тензии и создава атмосфера за етнички конфликт на балканот стои во годишниот извештај на Канцеларијата на директорот на националната разузнавачка служба на САД. Во него се наведува дека Западен Балкан останува област на зголемени политички тензии и надворешни влијанија, со особено истакната улога на Русија во дестабилизација на регионот.

Во извештајот се вели дека Русија поттикнува нестабилност меѓу Србија и Косово, ја поддржува сецесијата на Република Српска од БиХ и преку државно поддржани структури води кампањи против НАТО и ЕУ, особено во БиХ, Црна Гора и Србија.

Експертите се согласуваат дека постои Руско влијание но според нив тоа нема некој сериозен политички легитимтет

Американскиот извештај предупредува на поширок спектар на закани во Европа, вклучувајќи политичко влијание, дезинформации и обиди за поткопување на безбедносната архитектура, при што Балканот се смета за особено чувствителна област.

Извештајот, исто така, предупредува на пошироки глобални закани, меѓу кои се издвојува растечката конкуренција на големите сили, првенствено меѓу Соединетите Држави, Кина и Русија, како и забрзаниот развој на сајбер напади и технологии што можат да се користат за дестабилизација на државите.