Иран: Ормуската Теснина ќе остане затворена додека САД не ги исполнат сите услови од јунскиот договор

Стратешки важната Ормуска Теснина ќе остане затворена за сообраќај сè додека Соединетите Американски Држави не ги исполнат сите услови од привремениот договор што го потпишаа со Иран во јуни – изјави главниот ирански преговарач Мохамад Бакер Калибаф во обраќање пред иранскиот парламент.
Калибаф прецизира дека условите на Техеран подразбираат целосно укинување на американската блокада врз иранските пристаништа, укинување на сите санкции поврзани со извозот на иранска нафта, деблокирање и ослободување на замрзнатите ирански финансиски средства, како и итен прекин на сите закани и воени операции на сите фронтови.
Меморандумот за разбирање, кој беше потпишан на 17 јуни со предвидена временска рамка од 60 дена и можност за продолжување, имаше цел да овозможи преговори за поширок договор за иранската нуклеарна програма и другите отворени прашања. Меѓутоа, договорот бргу пропадна поради длабокиот спор за контролата врз Ормуската Теснина – клучна поморска рута низ која пред избувнувањето на воениот конфликт минуваше речиси една петина од светската трговија со нафта и течен природен гас.
По ескалацијата на несогласувањата, американскиот претседател Доналд Трамп на 7 јули изјави дека со договорот е завршено по што иранското Министерство за надворешни работи една недела подоцна официјално го прогласи меморандумот за суспендиран.
Висок ирански функционер вчера предупреди дека Иран ќе премине во „целосно офанзивни дејствија“ поради целосниот застој во дипломатските напори за прекин на долготрајниот воен конфликт.
Ново на Сител
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
-

Бабата и дедото на судијата Ристов му давале пари за стан
-

ОБСЕ: Функционерите најчесто се спасуваат во судот
