Иран: Поради американските потези во Персискиот Залив ќе има опасни последици

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, предупреди на „опасните последици“ од американските позиции и дејствија насочени кон Персискиот Залив и Ормуската Теснина.
Арагчи за време на телефонскиот разговор со својот кинески колега Ванг Ји изјави дека „провокативните дејствија“ од страна на САД дополнително ќе ја комплицираат ситуацијата во регионот, алудирајќи на обидите на Вашингтон да воспостави, како што ја нарекува, „морска блокада“ на Иран и да влијае на бродскиот сообраќај низ теснината.
Во разговор со кинескиот функционер, иранскиот министер ги изложи и најновите регионални случувања откако САД објавија двонеделно затишје во нападите врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека предлогот од 10 точки што го предложи Иран претставува „употреблива основа за преговори“.
Сепак, по преговорите за прекин на огнот во Исламабад, Техеран изрази жалење што она што го нарече „прекумерни барања“ на Вашингтон го спречиле успехот на разговорите.
Иранските претставници нагласија дека целосното прекинување на сите форми на напади врз земјата е „клучен“ услов на Исламската Република.
Арагчи, исто така, им се заблагодари на Кина и Русија во разговорот за нивната одлука да се спротивстават на она што тој го нарече „неразумна“ и еднострана нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите нации за регионалната ситуација.
На 7 април, Кина и Русија ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува Иран повторно да ја отвори Ормуската Теснина, за кој Техеран рече дека го затворил за „непријателски земји и нивните сојузници по последниот бран американски и израелски напади“.
Арагчи рече дека противењето на Пекинг и Москва помогнало да се спречи понатамошна ескалација на тензиите во регионот.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ја пофали „отпорноста“ на иранскиот народ за време на конфликтот и ја нагласи подготвеноста на Пекинг да помогне во напорите за унапредување на дипломатијата и завршување на кризата.
МИА
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
