Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена

Иранското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека разгледува план за отворање на Ормуската Теснина во рок од два дена, доколку САД се согласат со претходно упатените предлози, за чие исполнување Техеран одреди рок од една недела.
- Можноста овој план да се реализира за два дена е уште еден сигнал за иранскиот пристап заснован на добра волја – изјави портпаролот на иранското дипломатско министерство, Есмаил Багеи.
- Доколку барањата на Иран бидат исполнети, тоа ќе даде можност за обнова на безбедноста во Ормуската Теснина и за обновување на преговарачкиот процес во краток временски период, додаде Багеи.
Тој истакна дека размената на пораки преку посредници продолжува.
Според него, Техеран не очекува нов пристап од страна на Вашингтон по меѓуизборите за Конгресот во САД.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ со интерпелација за Славески
-

Јотова победи на претседателските избори во Бугарија
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
