Италијанец ќе стане првиот европски астронаут на мисијата „Артемис“ на НАСА

Италијанскиот астронаут од Европската вселенска агенција (ЕСА), Лука Пармитано ќе биде првиот Европеец што ќе учествува во програмата „Артемис“ на НАСА, објави вчера раководителот на американската Национална воздухопловно-вселенска администрација, Џаред Ајзекмен.
Се очекува лансирањето да се случи во 2027 година. Но, не се очекува вселенското летало да слета на Месечината, туку само во орбитата на Земјата заради тестови. Посадата ќе ги вклучува и американските астронаути Андре Даглас, Френк Рубио и Ренди Брезник, а Боб Хајнс ќе биде во приправност како резерва во непредвиден или итен случај, пренесе ДПА.
– Пармитано (49) ќе биде еден од четворицата астронаути на „Артемис 3“, рече Ајзекмен.
За разлика од првично планираното, за „Артемис 3“ не е предвидено слетување на Месечината. Наместо тоа, ќе се тестира спојувањето на вселенското летало Орион со системите за слетување на нашиот природен сателит. Со програмата „Артемис“, сепак, НАСА се стреми кон постојано присуство на Месечината во догледна иднина.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на Еlena Luka Home - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
