Иванов: Од деклартивност да преминеме на конкретни акции
Поддршка на Агендата на хуманост, со цел полесно справување и надминување на кризните состојби во светот е превземената обврска од дво дневниот прв хуманитарен самит во Истанбул.
Лидерите на над шеесет земји во светот дадоа збор дека ќе делуваат на превенција, а не на санирање.
Но колку е тоа возможно и колку е тоа е рално. Искуството барем за Македонија, вели претседателот Иванов не говори така.
Лидерите на земјите од балканот фокусот на овој самит го имаа на мигрантската криза, дел бараа решенија за сиромаштијата и пропаднатите држави а дел нова можност за старт на поинаков живот.
Лидерите беа придружени и од познатите холивудски ѕвезди, а големо внимание предизвика и вселенскиот Патријарх Вартоломеј кој порача дека посакува подобро утре за сите жртви на катстрофи.
Истанбул ги затвора вратите на првиот светски хуманитарен самит со ветувања но и исчекување дали тоа повторно ќе бидат само празни зборови.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
