Ивановски: По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје

По декади запуштеност се чисти Железничката станица во Скопје, објави денеска на Фејсбук, директорот на Јавното претпријатие „Железници инфраструктура“, Синиша Ивановски.
Објавувајќи фотографии и видео од чистењето на Железничката станица, Ивановски порача дека Железничката станица треба да претставува гордост на главниот град.
-Декади запуштеност и немање институционална и општествена грижа, за жал, ја претворија во тотално не-репрезентативен објект „накитен“ со билборди, постери, графити, несоодветни содржини, недоволна хигиена. Превземаме мерки за подигнување на нивото на надворешниот и внатрешниот изглед на Железничката станица - Скопје преку долготрајна акција и сет на активности - додаде Ивановски во објавата.
За почеток, како што информираше тој, отстраниле се сите билборди и светлосни реклами, освен една, за која како што појаснува даден е рок од седум дена да се отстрани.
-Потоа се отстранија сите информативни постери што со години се напластени, се продолжува со генералната хигиена. Во моментов заедно со Архитектонскиот факултет работиме кон проектирање на целосна реконструкција на железничката станица, а со ИЗИИС ја проверуваме конструкцијата на самата станица. Процесот на враќање на нормалниот изглед на Железничката станица нема да е лесен процес, но, да почнеме денес - порачува директорот на ЈП „Железници инфраструктура“.
Додава дека во склоп на објектот има станица на МВР, па се заблагодари за соработката и помошта.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
