Македонија
19. May 2026 - 20:10

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет

Петмина адвокати, нотар и судска советничка се во трка за член на Судскиот совет за местото резервирано за немнозинските заедници во државата. Кандидатите денеска на собраниска комисија за избори и именувања ги презентираа своите визии за унапредување на судскиот систем. Кај сите, во фокусот е зголемување на довербата.

Меѓу кандидатите за член е и владиниот повереник кој по неуспешните локални избори ја извршуваше функцијата градоначалник на Гостивар. Тој претходно бил и судија, но како што рече пред 12 години токму телото на кое сега сака да му се придружи, покренало постапка против него, па самиот ја напуштил судиската функција и до денес работи како адвокат.

Кандидатите одговараа и на прашања од граѓанскиот сектор, негираа поврзаност со политичка партија, а ветуваат и дека нема да се подложни на влијанија. Немаа прецизен одговор која е нивната црвената линија за да го напуштат шестгодшниот мандат во судскиот совет.

Тековниот избор се спроведува по третпат. Во првиот обид беше предложен полициски инспектор, потоа еден од кандидатите сокрил дека бил разрешен судија.