Избран нов лидер на младите социјалисти
Да продолжат да одат по патеката што ја изградиле претходните генрерации на Социјалистичката партија, како најхумана и партија која е секогаш со народот. Ова го порача новоизбраниот претседател на младите социјалисти кој вели дека главна цел ќе му биде да ги задржат нивните врсници во родните огништа.
-Голем предизвик е за нас да се врати патриотскиот дух на младите, 1убовта кон татковината да престане негативниот тренд на исселување на младите од државата. Тие да бидат успешни и во својата земја, изјави Кристијан Ристовски претседател на младината на СПМ.
Ниедна партија како што е Социјалистичката нема такво богато минато а младите треба да бидат иницијативни, борбени и активни и да ги креираат идните политики, кажа претседателот на СПМ на денешниот избор на младински лидер. Димовски зборувајќи за високата инфлација, кризите во земјата и штетните владини одлуки им пораќа на младите дека треба да креираат современи идеи за излез од овие состојби.
-Од соседна Бугарија се изразуваат нескриени територијални претензии и желби за бугаризација на македонското општрство, што СПМ постојано го осудува и го искажува своето противење на ваквата политика. За жал овие напади заедно со клубовите што ги формираат наидуваат на поддршка и премолчување од власта и други актери од оваа предавничка политика, изјави Љупчо Димовски претседател на Социјалистичка партија на Македонија
За младитер да го најдат своето место и да ги научат социјалистичките вредности, Димовски побара повторно да биде активирана школата на младите социјалисти.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
