Изет Меџити му чува место на Тачи за влез во Владата
Изет Меџити се уште му го држи во резервација заменичкото место во одбрана на Мендух Тачи доколку тој реши да ја промени страната и од опозицискиот фронт на ДУИ да замине во владејчката Вреди. Официјално од владиниот кабинет на Мицкоски велат дека се уште нема договор со лидерот на ДПА да го зголеми владејачкото мнозинство во парламентот со еден глас плус, а за сметка на тоа да добие заменик-министерско место. Неофицикално пак, албанските партнери веќе бирифираат дека Тачи се враќа во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
Според некои информации, во математиката нови пратеници влегува и Бејџан Иљаз од Турската демократска партија, иако досега тој негираше вакво нешто. Иљаз е дел од Европскиот фронт на ДУИ од 6 изборна единица. Извори од албанскиот блок велат дека на него му е понудено дури и амбасадорско место. Доколку Иљаз го напушти Собранието, на негово место треба да влезе пратеник од ДПА на Тачи. Во тој случај Тачи барал поголем дел од колачот.
Од друга страбна Скендер Реџепи од Движењето – народ, кој често се споменува во комбинации за промена на политичката страна, а сега е дел од коалицијата на ДУИ вели дека останува во Фронтот. Реџепи ќе се обиде да ги подобри своите политички позиции преку градоначалничко место во Студеничани.
Иако вели дека нема да прави проблеми во Европскиот фронт, Реџепи коментира дека разговорите на Ахмети со Таравари за соработка на локалните избори се само приватни разговори и дека за евентуланиот влез на лидерот на Алијанса треба да одлучат сите во коалицијата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар